УЧИЛИШТАТА ПОДГОТВЕНИ ЗА НОВАТА УЧИЛИШНА ГОДИНА
Средното училиште во Гевгелија и четирите основни училишта во општината подготвено ги пречекаа учениците првиот училишен ден.
Средното училиште во Гевгелија и четирите основни училишта во општината подготвено ги пречекаа учениците првиот училишен ден. За таа цел во текот на летните месеци беа извршени повеќе активности за подобрување на условите за настава во новата учебна година. Почнувајќи од молерисување, па, се до санирање и опремување на училниците. За реализација на овие зафати беа вложени 400.000 денари, кои средства се обезбедени од заштедата на средства во училиштата од доделените дотации. Покрај објектите на централните училишта со акцијата беа опфатени и подрачните училишта во Давидово, Милетково и Смоквица, каде што беше извршување молерисување. Додека пак во подрачното училиште во Кованец изградено е ново игралиште, истакна градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков во изјавата за медиумите на првиот училишен ден.
Приотоа, нагласи дека наставата во сите училишта започна без никакви проблеми, а истовремено најави дека активностите за подобрување на условите за настава ќе продолжат. Наскоро се очекува да биде распишан тендер за изградба на 14 нови училници во СОУ„Јосиф Јосифовски“ за која цел на општина Гевгелија и е одобрен кредит од Светска банка. Паралелно во овој средноучилишен центар ќе биде целосно реконструирана угостителската сала и просторот наменет за одвивање на угостителската настава, и тоа, со заштедените средства од блок дотации.