Избрани деветте реонски инструктори за Пописен реон 11 (Гевгелија и Дојран)
Со Решение на директорот на ДЗС, се избрани
девет реонски инструктори за Пописниот реон 11. Утре, понеделник, 23 август, инструкторите ќе бидат задолжени со материјали и опрема, а од вторник отпочнува тридневна обука за нив. Во четврток, ќе се спроведе тестирање за новопријавените кандидати за попишувачи, а во петок и реонските попишувачи ќе бидат задолжени со материјали и опрема за спроведување на Пописот.
Обуката за попишувачите која ќе трае 4 дена, е планирана од сабота, 28 до вторник, 31 август. Избрани реонски инструктори за Пописен реон 11 се: Стево Ѓоргиев, Јулија Дуева, Ивана Костовска, Кристијан Зумровски, Јованка Дојранлиева, Лазо Трајков, Александар Шопов, Елена Макаровска и Димитар Карајанов.