Утре, во Гевгелија завршува Прелиминарната рунда во футсал
Утре, 24 август, со одигрувањето на натпреварите помеѓу:
„Цефн Д“ од Велс и „Долфинс асдод“ од Израел, со почеток во 17:00 часот и помеѓу „КМФ Проект“ од РСМ и „Луксол ст“ од Малта, со почеток во 20:00 часот, завршува спортскиот настан од Прелиминарната рунда во футсал натпреварувањето, во спортската сала „26 Април“- Гевгелија. Кога, ќе се знае и првопласираната екипа која ќе продолжи во следната фаза во Футсал лигата на шампиони.
Имено, натпреварите во футсал помеѓу клубовите од Европа и РСМ започнаа на 21 август, со дуелите помеѓу „Цефн Д“- Велс и „Луксол ст“- Малта и „КМФ Проект“- РСМ и
„Долфинс асдод“- Израел. На кои, немаше присуство на публика, поради новите мерки на Владата за заштита од КОВИД-19. Во првиот меч, од 1 коло во групата А, екипата на „Луксол“ со 5:0 славеше против „Цефн Д“. Додека, екипата на „КМФ Проект“ го доби натпреварот против израелскиот првак „Долфин Ашдод“ со високи 6:0. За македонскиот шампион хет-трик запиша Петровиќ, а по еден погодок имаа Крстевски, Диедунов и Тодоровски.
На 22 август, македонскиот шампион во футсал, „КМФ Проект“ со 8:1 славеше против „Цефн Д“ од Велс во Прелиминарната рунда во Футсал лигата на шампионите. Ранготов постигна три голови, по два Мехмединовиќ и Михајлов, а еден Тодоровски. Кај „Цефн Д“, единствениот погодок беше дело на Вајс. „Луксол ст“ од Малта, исто така, беше убедлив над „Долфинс Асдод“ со 8:0. На едно коло до крајот во групата А, во Гевгелија, по шест бодови имаат „КМФ Проект“со гол разлика 14:1 и „Лускол ст“ со гол разлика 13:0 и го делат првото место.