Општина Гевгелија со активности за зајакнување на финансиските капацитети
Општина Гевгелија продолжува со активностите
за зајакнување на финансиските капацитети. Имено, во рамки на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите и искористување на ресурсите (СРМА), за што градоначалникот Поцков потпиша Меморандум за соработка со Емергинг Маркес, ЛТД, Општина Гевгелија започна со спроведување на една од предвидените активности- подобрување на сегашниот систем на локалната даночна администрација со додавање дополнителни модули кон постоечкиот основен модул на ЛТАС, софтвер добиен како грант од преходниот УСАИД проект. Со што, би се олеснил и унапредил процесот на администрирање даноци и такси, согласно потребите на Општината за дополнителни модули во ЛТАС основниот модул.
Исто така, согласно со предложениот пакет на техничка помош за Општина Гевгелија од страна на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите/ USAID Strengthening Resource Mobilization Activity (SRMA), Општина Гевгелија ќе биде дел и претстојната активност- онлајн работилница за размена на позитивни практики и искуства помеѓу 16 партнер-општини на Проектот, која ќе се одржи на 2 септември, 2021 година, со цел унапредување на своите капацитети. Во врска со унапредувањето на активната транспарентност, Општина Гевгелија ќе го презентира процесот на координација помеѓу вработените во надлежните одделенија за невремено објавување на релеванти информаци на официјалната веб-страната, како општина со висок индекс за активна транспарентност, со 85,7%, согласно направените анализи од страна на Центарот за граѓански комуникации.
Во делот на зајакнувањето на финансиските капацитети, Oпштина Гевгелија е избрана да учествува во проектот „ReLOaD2”, за што аплицираше на Јавниот повик за избор на општини за учество во Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) во Северна Македонија. Од 18 општини од 7-те плански региони кои аплицираа на повикот, врз основа на критериумите, Општина Гевгелија е избрана со уште други 4 општини да учествува во втората фаза на проектот, за што градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, ќе потпише Меморандум за соработка. Одлуката за понатамошната соработка е донесена од Одборот на партнери, кој вклучува претставници од Делегацијата на Европската Унија, УНДП, Министерството за локална самоуправа, ЗЕЛС, граѓанскиот сектор и Проектот за техничка поддршка на граѓанските организации на Западен Балкан (TACSO3).
Програмата има за цел да ги зајакнува капацитетите на општините и на граѓанските организации да воспостават долготрајни партнерства и да придонесуваат за подобрено давање услуги и реализација на локалните приоритети.
Општината за да аплицира на проектот, Советот на Општина Гевгелија донесе Одлука за кофинансирање на проекти на Граѓански организации во рамките на јавните повици организирани преку Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLoaD2), која е продолжение на партнерството помеѓу ЕУ и УНДП. Локалната самоуправа ќе кофинансира проекти од минимум 20% од вкупниот износ на средствата на ГОи што ќе бидат распределени, во максимален износ од 83.500 долари.