НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА ПОЧНА ЗА 2567 УЧЕНИЦИ
Денес 2576 ученици ја започнуваат или ја продолжуваат новата учебна година во основните училишта и во СОУ „Јосиф Јосифовски„ во општина Гевгелија.
Во училишните клупи во основните училишта на подрачјето на општината ќе седнат 1905 ученици, додека во СОУ „Јосиф Јосифовски“ ќе седнат 671 ученик.
Во новата учебна година во училишните клупи во четирите основни училишта, за прв пат, ќе седнат 191 прваче. Во ООУ „Крсте Мисирков“ќе учат 75 првачиња, во ООУ „Владо Кантарџиев“ 80, во ООУ „Климент Охридски“во Миравци се запишани 16 првооделенци, а во ООУ „Ристо Шуклев“ 31. Бројот на првооделенците бележи опаѓање, па, така, во учебната 2015/2016 година во основните училишта во општина Гевгелија, биле запишани 258 првооделенци. Во наредната 2016/2017 година оваа бројка се намалува на 215, а во новата 2018/2019 учебна година година, се запишани 2012 првачиња.