Меморијалниот турнир во мал фудбал „Мирче Костов“ во Богородица го слави својот 20-ти јубилеј
Во тек е одржувањето на спортската манифестација-
Меморијален турнир во мал фудбал „Мирче Костов“, во Богородица, во организација на ЗГ „Митко Ќаев- Баче“ од Богородица . На 28 август, на фудбалското игралиште во Богородица, со натпреварот помеѓу ФК „Богородица“ и „Дона Доел“, официјално започна јубилејниот 20-ти по ред Традиционален турнир во мал фудбал, наменет за млади фудбалери и идни фудбалски надежи. Опфаќајки 3 категории во пионерска конкуренција: 2006/07; 2008/09; 2010/11/12. Пријавени се 25 екипи од општина Гевгелија и соседните општини. И, тоа, во генерацијата 2006/2007 фудбалските екипи: „Кадери“, „Победа Валандово“, ФК „Енкрипт“ и, „Џокер“; во генерацијата 2008/2009: „Вамеса“, „Армор Обезбедување“, „Џокер“, „Беласица“, „Победа Валандово“ и ФК „Некст Тајм”, во генерацијата 2010/2011: „Армор Обезбедување“, „Дона Доел“, „Дена Продукт“, „Дојранско Езеро“, „Беласица“, ФК „Фламинго“, „Победа Валандово“, ФК „Кожув 1“, ФК „Кожув 2“ и ФК „Богородица“, а во фудбалските екипи- генерација 2010/2013 година: „Деа Продукт“, „Џокер“, „Дојранско Езеро“, „Победа Валандово“ и ФК „Кожув“.
На првата вечер од одржувањето на Меморијалниот турнир, покрај одигрувањето на утакмицата помеѓу екипите на ФК „Богородица“ и „Дона Доел“, се одиграа и дуелите помеѓу „ФК Кожуф 1“ - „Армор Обезбедување“ 2010/11, „Вамеса“ - „Армор Обезбедување“ 2008/09, „Кадери“ - ФК „Енкрипт“ 2006/07. Додека на 29 август, дуелите помеѓу „ФК Кожуф 1“- ФК „Фламинго“ 2010/11, ФК „Кожуф 2“ - ФК „Богородица“ 2010/11 и ФК „Некст Тајм“ - „Вамеса“ 2008/09. Натпреварите помеѓу пријавените фудбалски екипи се играат само за време на викенд (петок, сабота и недела) во зависност од временските услови.
За победниците на Турниот се предвидени симболични награди- пехари, дипломи, ваучери и компјутерска опрема, а на сите учесници од страна на организаторот ќе им бидат доделени благодарници и медали.
Исто така, на овој јубилеен 20-ти по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Мирче Костов“ во Богородица, ќе бидат доделени и награди за најдобар стрелец, најдобар играч и најдобар голман во сите категории.Спортската манифестација е поддржана од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2021 година. Генерален спонзор на Турнирот е „СА-ХИ Транс“- Богородица.
Имено, организаторите ја изразија својата благодарност до Општина Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“ и Месната заедница- Богородица за несебичната поддршка во подготовките за реализација на традиционалниот Меморијален турнир во мал фубдал „Мирче Костов“- Гевгелија и уредувањето на фубдалското игралиште. За што истакнаа дека првпат се одржува на тревен терен, правејќи го Турнирот уникатен и единствен во општината.