Во тек се градежните активности на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Мрзенци
Со воведувањето во градежните работи на терен од страна
на фирмата „Жикол“, започна реализацијата на уште еден капитален проект за подобрување на патната инфраструктура во општина Гевгелија- изградбата на улицата „Методија Андонов Ченто“. По донесената одлука на 65 седница на Советот на Општина Гевгелија за давање приоритет на проект: „Ревитализација на дел од улицата „Методија Андонов Ченто“ во населеното место Мрзенци, општина Гевгелија“, а на барање на Министерството за транспорт и врски, избраната фирма со најповолна понуда, со својата механизација веќе ја подготвува трасата- од влезот на Мрзенци, па се до центарот, кај ресторанот „Јавор“. Изградбата на улицата „Методија Андонов Ченто“ ќе чини 14 милиони денари. Овие средства се обезбедени од доделените 900.000 евра од Светска банка, кој грант се реализира преку програмата на Министерството за транспорт и врски.
Имено, интензивно се работи и на изградбата на улицата „Александар Бел“ во новата станбена населба на Мрзенски Рид, во Мрзенци. Со градежна механизација, истоимената градежна фирма ја пробива трасата низ која минува главната сообраќајница во новата станбена населба, во должина од 850 метри и два крака од по 110 метри.