Формирана Лекарска комисија за остварување на правото за туѓа нега за граѓаните од Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово
Во Општина Гевгелија, за првпат е формирана
Лекарска комисија за остварување на правото за надоместок за помош и нега од друго лице. Имено, новоформираната Комисија за издавање конзилијарно мислење и наод во Гевгелија ќе ги покрива и општините Богданци, Дојран и Валандово.
Како што истакна и министерот за здравство, Венко Филипче, со формирањето на дополнителната Комисија во Гевгелија, ќе се намали периодот на чекање за гевгеличани, богданчани, валандовчани и дојранчани кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега. И нема повеќе да патуваат во друго место и да бидат изложени на дополнителни трошоци. Освен во Гевгелија, Лекарска комисија за туѓа нега е формирана и во Прилеп, која ќе ги покрива и општините: Крушево, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани.
Освен оваа мерка, за да бидат задоволени потребите и навремено разгледани сите поднесени барања на граѓаните, Министерството за здравстви ги зголеми термините за разгледување на доставената медицинска документација за секоја од стручните комисии од 200 на 280 барања месечно.