Започна изградбата на новопланираната улица до ГП „Богородица“
Со воведувањето во градежните работи за
обележување и осигурување на трасата и попречно и подолжно сечење на постоечкиот асфалт, започна изградбата на новопланираната улица до Граничниот премин „Богородица“. Почнувајќи од стариот пат од кај мотелот „Вардар“ до македонско-грчката граница. Улицата е со должина од 930 метри и во првата фаза се предвидува изведување на припремни работи, изведба на долен строј и дел од горен строј на улицата по целата должина.
Како што истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, при потпишувањето на договорот со избраната градежна фирма „Еуроинг“, која даде најповолна понуда на тендерската постапка, со изградба на оваа улица ќе се овозможи делницата на стариот автопат од мотелот „Вардар“ и хотелот „Сенатор“ да се поврзе со веќе изградената сообраќајна инфраструктура кај „Милци“ и поврзување со автопатот Е75, со што Гевгелија ќе добие нов излез на автопатот.
За изградбата на новопланираната улица до ГП „Богородица“, како и за изградбата на продолжението на Западниот булевар и улицата „Александар Бел“, од Општинскиот буџет се обезбедени 37 милиони денари,