Повторена јавна презентација и јавна анкета за ДУП, Блок 15.1 и 15.2, општина Гевгелија
Општина Гевгелија организира повторена јавна презентација
и јавна анкета за Детатален- Урбанистички план, за Блок 15.1 и Блок 15.2, општина Гевгелија. Повторената јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи во Народниот театар, на 14.9.2021 година (вторник), со почеток во 12 часот, согласно мерките за заштита од Корона вирусот. Деталниот-Урбанистички план за Блок 15.1 и Блок 15.2, општина Гевгелија, ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија и јавната анкета ќе трае 5 работни дена, односно од 15.9. до 21.9.2021 година, секој работен ден од 08 до 16 часот.
Деталниот-Урбанистички за Блок 15.1 и 15.2, општина Гевгелија зафаќа површина од 12,47 ха. Предметниот плански опфат е дефиниран со следните граници:
- на север границата се движи по северните граници на катастарските парцели КП 6353/1, КП 6350, КП 6351, КП 6352/2, КП 6318, продолжува по постојната улица на КП 6552,
- на исток продолжува по постојната улица на КП 6591,
- на југ се движи по осовината на улицата „Моински пат“,
- на запад по осовините на улица „Новопланирана 1“.
Во спомнатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени заблешки, предлози и мислења на анкетните листови кои можат да ги подигнат во Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина при Општина Гевгелија или преку информацискиот систем е-урбанизам.