Непречено се одвиваат градежните работи на двете улици во Мрзенци
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков,
денеска изврши увид во Мрзенци- во градежните работи за изградба на улицата „Александар Бел“ и реконструкција на улицата „Методија Андонов Ченто“ во населеното место. Овие улици се дел од капиталните проекти за подобрување на патната инфраструктура во општина Гевгелија. При увидот, Поцков констатираше дека непречено се извршуваат градежните работи за пробивање на улицата „Александар Бел“ во новата станбена населба на Мрзенски Рид, кои ги изведува градежната фирма „Жикол“, како и градежните работи на „Методија Андонов Ченто“.
- Со изградбата на главната сообраќајница во должина од 850 метри и два крака од по 110 метри новата станбена населба ќе стане уште попривлечна за домување. Оттука и значењето на овој проект, бидејќи како општина имаме обврска на идните инвеститори да им обезбедиме услови за живеење. Изградбата е предвидена во две фази, прво, изведување на долен строј, а потоа и горен строј, истакна Поцков, во својата изјава за медиумите.
- Паралелно течат и градежните активности за реконструкција на улицата „Методија Андонов- Ченто“, во изведба, исто така, на „Жикол“, која фирма на тендерот што го распиша Министерството за транспорт и врски, имаше најповолна понуда. Сакам да ја истакнам нејзината важност, бидејќи оваа главна улица се простира од влезот на до излезот на Мрзенци, со излез на автопатот, а го поврзува населеното место со Гевгелија. Поради оштетеноста на овој пат, од влезот, па се до центарот на Мрзенци, кај ресторанот „Јавор“, овој проект доби приоритет. Имајќи ги предвид барањата и потребите на жителите за подобрување на условите и посетеноста на на населеното место од странските туристи поради двете репрезентативни угостителски објекти, изјави Сашо Поцков, градоначалник на Општина Гевгелија.
Во тек се подготвителните работи за ископ на трасата, а изградбата на улицата „Методија Андонов Ченто“ ќе чини 14 милиони денари. Овие средства се обезбедени од доделените 900.000 евра грант од Светска банка за општина Гевгелија, кој се реализира преку програмата на Министерството за транспорт и врски.