Ново детско катче во Моин
Во училиштниот двор на Подрачото училиште при
ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија никна ново детско катче за најмалите жители на населеното место Моин. ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија во соработка со Општина Гевгелија, ги изведе активностите за монтирање на реквизитите за деца. Поставени се две клацкалки, една лулашка и една клацкалка со форма на коњче на подлога со вештачка трева. На што претходеа и градежни активности за бетонска основа, која ги изведе фирмата „Пелагонија Тириц“. Реквизитите за деца се набавени со средства од Општинскиот буџет на изминатата спроведена тендерска постапка во јуни, во рамките на акцијата за уредување и проширување на детските катчиња со урбана опрема. Во меѓувреме, овој простор од страна на ЈПКД „Комуналец“ ќе биде уреден и со клупи за седење и канти за отпадоци, а ќе биде поставена и нова фонтана со вода за пиење, со цел да биде место за одмор и дружење и на возрасната категорија жители.
Централното подрачје на Моин доби нов лик со реконструкцијата на Подрачното училиште, одградувањето на дворот и детското катче. За реконструкцијата на Основното училиште и оградувањето на училиштниот двор беа вложени сопствени средства од блок-дотациите. Имајќи предвид дека во Училиштето не беа вложени никакви инвестиции за подобрување на условите уште од сама негова изградба. За таа цел, се санираше кровната конструкција, се обнови фасадата, во училишните простори беа изведени молеро-фарбарски работи, а се реконструираа и санитарните јазли. Реализацијата на воспитно-обрзовниот процес за учениците од прво до петто одделение е значително олеснета со набавката на технолошките ресурси потребни за ИКТ настава.