Во завршна фаза е изработката на неколку Урбанистички планови за села
Во врска со шпекулациите во јавноста и на социјалните мрежи за
(не)донесените урбанистички планови во селата во Општина Гевгелија, Секторот за урбанизам, градежништво и заштита на животна средина при Општина Гевгелија заради правилно информирање на јавноста го издава следното соопштение:
Во периодот 2017-2021 година донесени се урбанистички планови за село Моин и за село Милетково. Започнати се постапки и во завршна фаза е донесувањето на Урбанистички планови за селата Мрзенци, Негорци, Давидово, како и за Миравци. Во тек е постапката за изработка на Урбанистички план за Старо Конско, крај браната „Конско“, а во почетна фаза е изработката на Урбанистички план за село Ново Конско. Се очекува сите постапки околу донесувањето на наведените урбанистички планови да заврши до крајот на годината.