Значително подобрена патната инфраструктура во општина Гевгелија
Откако градежната фирма „Пелагонија Тириц“
заврши со изведбените работи за бетонирање на повеќе улични краци во населените места Негорци, Прдејци и Богородица, со својата градежна механизација се префрли во Гевгелија. Во рамките на акцијата за подобрување на патната инфраструктура во општина Гевгелија- уредување на улични краци избраната фирма со најповолна понуда на годинашната тендерска постапка го заврши и бетонирањето на кракот од улицата „Димо Хаџи Димов“, која води до КПУ Затвор Гевгелија. Како и уличен крак во населеното место Ново Конско.
Досега, во Гевгелија значително е подобрена патната инфраструктура со уредувањето на пристапните патишта од улиците: „Кузман Шапкарев“, „Ѓорги Сугаре“, крак од улицата долж „Рауљот“, „Деко Ковачев“, „Серменинска“, „Белградска“, „Ѓорги Стамов“, „Ристо Јанев“, два крака од улица „Кожуф“, „11 Октомври“, „Никола Карев“, уредување на тротоар на „Ѓорги Стамов“, спроти Општата болница- Гевгелија, уредување со павер-елементи тротоарите на улиците: „Деко Ковачев“ и „Сава Михајлов“, „Миле Пецанов“, пешачката зона на „Моински пат“ до „Динќут“ и тротоарите на улицата која води до археолошкиот локалитет и туристичко-рекреативниот комплекс „Вардарски Рид“, како и целосната реконструкција на улицата „Илија Миов“.
Во Гевгелија се асфалтирани улиците „Индустриска“, „Нако Вардарски“ и дел од „Кочо Рацин“, „26 Април“, „Јане Сандански“, „Питу Гули“, „Мицо Шаренков“, дел од улиците „7 Ноември“ и „Димитар Влахов“, „1 Мај“ на западната страна од Градскиот стадион. Исто така, беа асфалтирани паркингот кај Градските гробишта, како и паркингот на улица „Илинденска“.
Во населенoто место Mиравци, бетонирани се краци од улиците „Маршал Тито“, „Ристо Јанев”, „Вељко Влахович“, проширена е улицата „Маршал Тито”, а уредени со павер-елементи се краците на улиците „Маршал Тито” и „Елена Минчева”.
Во Милетково бетонирани се три крака, пристапниот влез на Подрачното училиштето и влезот и околу селската црква. Потоа, во Давидово крак во должина од 700 м., во Петрово крак до селската црква, а бетониран е просторот пред селската продавница во централното подрачје. Во Прдејци се асфалтирани „Браќа Толеви“, „Ванчо Баламов“ и „Атанас Ѓуров“. Во Серменин улицата од влезот до селската црква, во Негорци: „Ѓорче Петров“, „Ристо Петров“, „Ангел Трајков“, „Фердинанд Јованов“, а уредена со павер- елементи е улицата „Ѓорге Велков“, во Моин два маалски пристапни пата. Во населеното место Смоквица бетонирана е улицата до гробиштата, Подрачното училиште и Црквата; а во Мрзенци: „Гоце Делчев“ и „Бошко Бозаџиев“. Додека, во Богородица бетонирани се: два крака од улицата „Филип Втори Македонски", два крака од улицата „Маршал Тито“ и уредена со павер-елементи улицата „Александар Македонски“ и во Кованец улицата од влезот до Подрачното училиште.
Во Миравци асфалтирани се улиците „Гоце Делчев“, „Елена Минчева“, „Климент Охридски“, „Иднина“, крак од улици „Иднина“ и „Гоце Делчев“. Во Давидово „Илинденска“, во Mилетково клучката, во Прдејци улиците „Браќа Толеви“ и „Вардарска“. Потоа, во Негорци: „Ѓорче Петров“, „Гоце Делчев“ „Ристо Шуклев“, а исто така е, доасфалтиран и патниот правец Негорци-Кованец, во Мрзенци „Гоце Делчев“ и во Богородица главната улица во населеното место.