66 седница на Советот на Општина Гевгелија ќе биде одржана на 24 септември
Советот на Општина Гевгелија, на 24 септември, 2021 година (петок),
ќе ја одржи својата 66 седница. Седницата на Советот ќе се одржи во Големата сала на Советот на Општина Гевгелија, со почеток во 11:00 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот. На седницата, членовите на Советот ќе работат по следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за донесување на Конечен предлог-измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 10.2, општина Гевгелија, плански период 2020-2025 година,
2. Предлог-Одлука за донесување на Конечен предлог за Измена и дополнување на Урбанистички план за село Прдејци, општина Гевгелија - Блок 4, општина Гевгелија, плански период 2018-2028 година,
3. Предлог-Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Блок 11 (11.2) КО Гевгелија и КО Мрзенци, општина Гевгелија, плански период 2019 - 2024 година,
4. Предлог-Одлука за прифаќање на Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички планза КП бр. 642, КП бр. 641/1, дел од КП бр. 641/2, КП бр. 643, КП бр. 629/1, КП бр. 629/2 и дел од КП бр. 633, КО Моин - општина Гевгелија,
5. Предлог-Одлука за исплата на финансиски средства од Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година,
6. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2020/2021 година,
7. Предлог-Решение за усвојување на Годишната Програма за работа на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2021/2022 година,
8. Предлог-Одлука за определување на ширина на крајбрежен појас на регулирано корито на Серменинска Река во село Мрзенци, општина Гевгелија, потребно за донесување на Урбанистички план за село Мрзенци,
9. Предлог-Одлука за поништување на постапката за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување во Општина Гевгелија преку воведување на мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО модел.