Наградени млади физичари
Учениците Илија и Софија Иванови од 6 одделение во ООУ„Крсте Мисирков“ ја освоија првата награда на "Месецот на науката"
кој се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Високото признание младите физичари од Гевгелија го добија за експериментот "Противпожарен апарат", изработен под менторство на Тодорка Николова.
И тоа, во конкуренција на 250 експерименти на учениците од целата земја од 3 до 6 одделение.
На вториот ден од „Месецот на науката“ од ООУ"Крсте Мисирков" учествуваа и се натпреваруваа 14 ученици од 5 и 6 одд со 7 експерименти под менторство на Тодорка Николова и Љупчо Делев.
Инаку, во категоријата на ученици од 8 и 9 одделение, трето место го освоија учениците Георгина Цветковска и Магдалена Јованова, ученици во 9 одделение во ООУ „Крсте Мисирков“ под менторство на Билјана Иванова за експериментот „Скала од течности“, а пофалени ученици се Драгана Петкова и Лазар Ристов од 9 одд со експериментот "Херенова фонтана" под менторство на Билјана Иванова и учениците од 8 одд Ива Цицмиловиќ и Јела Костадинова со експериментот "Ветерници " под менторство на Велика Карагошева.