Οпштина Гевгелија најотворена локалан власт во Република Македонија
Општина Гевгелија е најотворена локална власт во Република Македонија, во поглед на доброто владеење за отвореност и отчетност во политиката и владеењето.
Ова го покажа истражувањето на Метаморфозис - Фондација за интернет и општество, организирано во сорабока со партнерите од регионалната мрежа на НВО и „ACTION SEE“, за нивото на транспарентност, отвореност и отчетноста на извршната и локалната власт во регионот. Според истражувањето - отвореноста на локалната самоуправа во Република Македонија е на ниско ниво, бидејќи општините исполнуваат одвај 24% од индикаторите на отвореност. Станува збор за четири принципи за отвореноста на локалната самоуправа, која треба да биде во служба на граѓаните. Имено, истражувани се пристапноста, транспарентноста, интегритетот и ефикасноста на општините во земјата.
Истражувањето покажало дека општина Гевгелија исполнува 53,61% од овие критериуми, односно највисокo ниво, а потоа следуваат општините Илинден со 46,24%, Берово со 39,80%, Куманово со 36,76% , додека Скопје исполнува 25,98%. Најниско ниво на отвореност на локалната самоуправа е забележано во општина Конче 0,98%.
Што се однесува пак до отвореноста на извршната власт, Македонија се наоѓа на претпоследното место со 24.16%, веднаш зад Косово кој исполнува 23,49%. Највисоко ниво на отвореност на извршната власт во регионот исполнува Црна Гора со 48,06%.
Мерењето на отвореноста од страна на Метаморфозис беше спроведено од декември 2017 до крајот на март 2018 година.