Епидемиолошката состојба во општина Гевгелија засега стабилна
Иако, на подрачјето на Општина Гевгелија, според податоците
на Институтот за јавно здравје, има 78 активни случаи на КОВИД-19, епидемиолошката слика е стабилна. Ваквата констатација произлегува од фактот што во Модуларната КОВИД-19 болница во Гевгелија е хоспитализирано само едно лице. Како што истакнуваат од Општата болница, стабилната здравствена состојба на пациентите се должи на големиот процент на вакцинирано население. Досега, од вкупната бројка население на подрачјето на Гевгелија изнесува 65% или во бројки 11.708 лица.
Од ЈЗУ Општа болница- Гевгелија истакнуваат дека скоро веќе бројот на лицата кои примиле прва доза вакцина против КОВИД-19 се изедначува и со бројот на лица кои примиле втора доза. Односно, 11.708 лица наспрема 9.101 лице. Очекувајќи дека во наредните недели ќе биде изедначена оваа бројка. Со оглед на тоа дека половина и повеќе население се имунизирало, се намалува и интензитетот на имунизацијата на двата Вакцинални пункта во Општата болница- Гевгелија. Што значи дека ако претходно на дневна основа се вакцинирале од 150 до 200 граѓани, сега се имунизираат од 10 до 20 граѓани.
Имено, раководството упати апел до граѓаните, особено до помладата популација како најизложена на удар од новиот бран, да се вакцинираат против КОВИД-19, како единствен начин, а најефикасен и најбезбеден да се спречи развивањето на тешка клиничка слика и смртниод исход како резултат на заболувањето.