Наскоро, ќе профункционира Лекарската комисија за туѓа нега во Општата болница- Гевгелија
Oд страна на Министерството за здравство на
Општата болница со проширена дејност- Гевгелија е издадено решението за отпочнување со работа на Лекарската комисија за туѓа нега. Имено, наскоро во Гевгелија, ќе профункционира тричлената комисија која ќе издава конзилијарно мислење и наод на пациентите од Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, по утврдувањето на динамиката на нејзиното работење. Зажажувањето термин за конзилијарно мислење и наод од Комисијата потребно за остварувањето на правото од туѓа нега и надоместок на лицата ќе се одвива преку матичните лекари со закажување во електронскиот систем „Мој термин“.
Ваквата иницијатива за формирање на Лекарска комисија за туѓа нега и во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, надлежна и за соседните општини од Југоистокот беше покрената пред Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика уште на почетокот на годината од страна на градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, поради сложеноста на процедурата и долгото време на чекање за добивање термин пред Комисијата, имајќи предвид дека беа засегнати над 1.200 граѓани. По претходно консултирање со раководствата на Општата болница- Гевгелија, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и градоначалниците на општините Богданци, Дојран и Валандово. За на крај, по неколкуте средби со министрите да се дојде до решение овој повеќегодишен проблем кои го имаа граѓаните од четирите општини со патувањето во Струмица и дополнителните трошоци да станат минато со формирањето на Лекарската комисија за туѓа нега во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија.