Објавени единствените листи за кандидати за Градоначалник на општина Гевгелија и кандидати за членови на Советот на Општина Гевгелија
Општинската изборна комисија Гевгелија, вчера,
ги објави единствените листи за кандидати за Градоначалник на општина Гевгелија и кандидати за членови на Совет на Општина Гевгелија, согласно утврдениот редослед од Државната изборна комисија кандидатите на гласачкото ливче за избори за Градоначалници и членови на Советите.
За Гевгелија, на гласачкото ливче под реден број 2 се Движење „Одлучно за сите“- ЛДП и Дом со кандидатот за градоначалник, Виктор Петков и носителот на листата, Петар Апостолов. ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“ со кандидатот за градоначалник, Андон Сарамандов и носителот на советничката листа, Патрик Матх, на гласачкото ливче ќе го носат редниот број 7. На гласачко ливче со реден број 12 ќе бидат СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ со кандидатот за градоначалник, Сашо Поцков и носителот на советничката листа Миле Атанасов. Додека, со реден број 20 ќе бидат кандидатот за градоначалник, Љупчо Кадиев и носителот на советничката листа, Ристо Апостолов од ИНТЕГРА- Македонска конзервативна партија. И, под реден број 97 кандидатот за градоначалник од „Група избирачи“- Глигор Петков, a под реден број 32 за листата на советници со носител Томе Ќичуков. Во трката за членови за Советот на Општина Гевгелија, ќе се борат и Левица под реден број 15, со носителот Сашко Јанчев.
ИНТЕГРА- Македонска конзервативна партија