66 седница на Совет: Донесени нови Урбанистички планови
Советот на Општина Гевгелија на денешната 66 седница донесе
повеќе одлуки во врска со носењето урбанистички планови. Имено, членовите на Советот донесоа одлука за донесување Конечен Предлог-измена и дополнување на ДУП за дел од Блок, 10.2, ОГ, плански период 2020-2025. Како и за: УП за село Прдејци, ОГ, Блок 4, плански период 2018-2028 и ДУП за Блок 11 (11.2) КО Гевгелија и КО Мрзенци, ОГ, плански период 2019-2024 година. Со цел да се создадат услови за планирање на организирани простори за градба кои ќе бидат реализирани од страна на соппствениците на земјиштето и локалната самоправа, а дефинирани условите за градба во рамките на планскиот простор согласно класите на намени.
На денешната седница, беше прифатена и Иницијативата за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП бр. 642, КП бр. 641/1, дел од КП бр. 641/2, КП бр. 643, КП бр. 629/1, КП бр. 629/2 и дел од КП бр. 633, КО Моин, ОГ, со цел изградба на објекти, односно формирање градежна парцела со соодветна површина за градење по сите параметри. Членовите на Советот одлучија од Буџетот на Општина Гевгелија да се одобри исплата на финансиски средства во висина од 80.000 денари на Црвен крст на РСМ- ОО Струмица заради спроведена обука за стекнување сертификати на четири невработени лица- обучени асистенти на лица со попреченост од општина Гевгелија.
Точки на дневен ред беа и разгледувањата на Годишниот извештај за работата за учебната 2020/21 година и Годишната програма за работа за учебната 2021/22 година на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија. Советот донесе одлука за определување на ширина на крајбрежниот појас на регулирано корито на Серменинска Река во с. Мрзенци, потребно за донесување на Урбанистички план за с. Мрзенци. По претходно направената анализа на сливот на реката и изработената Хидролошка студија, со препорака да се уреди речното корито со правоаголен облик во делот на планскиот опфат со димензии- ширина на речното корито 19,5 м. и висина 0,5 м., како и негово редовно одржување и чистење.
Советот едногласно донесе одлука за поништување на постапката за доделување договор за воспоставување јавно приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување во општина Гевгелија преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО модел. Пораади тоа што на повторената евалуација, од страна на Комисијата за јавни набавки, не била поднесена ниту една прифатлива понуда.