Подобрена санитарната инфраструктура во ООУ „Климент Охридски“- Миравци
Во ООУ „Климент Охридски“- Миравци завршија инвестиционите зафати
за подобрување на санитарната и комуналната инфраструктура. Реновирани со нови плочки се тоалетите на горниот кат во Училиштето, а санирана е и одводната канализациона мрежа која предизвикуваше проблеми со прокиснување и стварање влага од излевањето на водата. Имено, во изминатиов период, реновирани беа и толетите на првиот кат со нова санитарна опрема. Додека, од источната страна на училиштето, на приземјето беше изграден и тоалет за лица со попреченост, со што Училиштето веќе ги исполнува условите за инклузивно образование, а се надминати бариерите за лицата со посебни потреби, овозможувајќи им пристап за непречено извршување на физиолошките потреби. Исто, така во Подрачното училиште во Смоквица се реализираа зафати за комплетно реконструирање на санитарен јазол. Зафатите за подобрување на санитарно- хигиенските услови се реализираа со средства од сопствениот Буџет на училиштето.
Во наредниот период, се очекува да започне и реконструкцијата на кровот на источното крило од Училиштето, за кој зафат ООУ „Климент Охридски“- Миравци доби средства со аплицирање на Јавниот повик на МОН за реконструкција на училишни објекти на основни општински училишта. Во тек е тендерската постапка распишана од МОН за избор на изведувач. Исто така, во тек е и повторената тендерска постапка за реконструкција на кровот на Подрачното училиште во Милетково, објавена од страна на Училиштето, поради неповолната цена што ја понудиле пријавените изведувачи на првата спроведена тендерска постапка.