Основните училишта од општина Гевгелија со низа активности за одбележување на Светската недела на детето
По повод Светската недела на детето, основните училишта
од општина Гевгелија организираат низа активности за нејзино одбележување. Имено, наставниците на Одделенскиот час ќе ги едуцираат учениците со истакнување на одредбите од Конвенцијата за правата на детето и ќе ги информираат за потребата од почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.
Исто така, училиштата ќе организираат состанок на Ученичката заедница, на кој ќе се избере претседател на училиштето. Со читање и давање свечена заклетва, првачињата ќе бидат примени во Детската организација, а во насока на слободните ученички активности, по повод Светскиот ден на детето и Денот на учителот, ќе бидат реализирани литературно и ликовно творење. Како и најразлични културно-уметнички активности и посети на општински институции.
Учениците од општинските основни училишта ќе имаат можност да ги проследат првиот македонски, детски, долгометражен фил за деца „Стела“ и тетарската претстава за деца „Куферко, светскиот патник од Македонија“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Детскиот филм ќе се проектира од 5 до 7 октомври, во Големата сала на Народниот театар, со почеток во 10:00 часот, додека театарската претстава ќе биде одиграна пред најмладите, на 9 октомври, со почеток во 18:00 часот часот, во Големата сала на Народниот театар.