Локални избори 2021: Избрани новите советници, а втор круг за Градоначалник
Новиот Градоначалник на Општина Гевгелија ќе се знае по
вториот круг на гласање, на 31 октомври. Имено, во првиот круг од гласањето, според ДИК, од важечките 12.161 гласови кандидидатите: Виктор Петков од Движење „Одлучно за промени“ ЛДП и ДОМ, освои 999 гласа или 7,76%, Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“- 6.064 гласа или 47,11%, Сашо Поцков од Коалицијата „Најдоброто за мојата Општина“ предводена од СДСМ- 4.465 гласа или 34,69%, додека Љупчо Кадиев од ИНТЕГРА- Македонска конзервативна партија- 129 гласа или 1,00%, а Глигор Петков од „ГРУПА ИЗБИРАЧИ- Глигор Петков“ освои 504 гласа или 3,92%,
Во вториот круг, за функцијата Градоначалник продолжуваат да се борат кандидатите од ВМРО И СДСМ, Андон Сарамандов и Сашо Поцков.
Во првиот круг од гласањето, избрани се новите членови на Советот на Општина Гевгелија. Од вкупниот број на важечки 12.262 гласа, 556 гласа или 4,32% освои кандидатската советничка листа на ЛДП и Дом, 5.435 или 42,22% - ВМРО-ДПМНЕ, 4.217 или 32,76%, додека ЛЕВИЦА 893 гласа или 6,94%, ИНТЕГРА- 134 или 1,04% и ГРУПА ИЗБИРАЧИ- Томе Ќичуков- 1.027 или 7,98%.
Според бројот на освоените гласови во идниот Совет на Општина Гевгелија ВМРО-ДПМНЕ ќе има 9 членови, СДСМ 7, а по 1 член во Советот ќе имаат Независната листа на Томе Ќичуков, Левица и Движење „Одлучно за промени“- ЛДП и ДОМ.