Локални избори 2021 година: Гласале 13.266 лица од општина Гевгелија
Во вториот круг од Локалните избори 2021, во Општина Гевгелија
од вкупниот број на избирачи во избирачкиот список - 19.076 лица, на 36 избирачки места, правото на глас го оствариле 13.266 граѓани. До 19:00 часот, излезеноста на гласачите изнесува 69,54%, според досегашните податоци објавени на официјалната веб-страница на ДИК. Од 13.266 искористени гласачки ливчиња, 12.676 се важечки, а 590 неважечки.
Според податоците од ОИК Гевгелија, во текот на денот од вториот круг на гласањето, до нив се доставени 11 приговори од страна на гласачи кои не биле евидентирани во избирачкиот список. Истите им се усвоени, со што на 11 неевидентирани лица им е овозможено да го остварат гласачкото право. Не се констатирани никакви нерегуларности и проблеми во однос на избирачкиот процес. Така што и вториот круг од Локалните избори 2021 во општина Гевгелија се одвиваше на фер, демократски и регуларен начин.