Над 120 планинари учествуваа во меморијалниот планинарски марш „Томе Шутов - Кротки“
Над 120 планинари, од повеќе планинарски клубови
во земјата учествуваа во одбележувањето на патронатот на планинарскиот Дом Томе Шутов - Кротки во акцијата што ја организираше ЗПСК КОЖУФ Гевгелија. Целта на акцијата беше искачување на планинскиот врв Двете Уши на 1766 метри, на Кожуф планина. Во оваа осма по ред традиционална манифестација годинава учествуваа планинарите од ПЕГ Турни ме да кинисам Битола, З.П.А.Б.Б. Ристо Картуш Прилеп, Фитнес Студио Лејди Фит Прилеп, ПСК Зелен Брег Кавадарци, СК Клисура Демир Капија, ЗПСК Маратон Струмица, ДПС Лисец Штип, ПСК Кораб Скопје, ПСК Македон Скопје. Најмлади учесници на патронатот беа членовите на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија Лара Џишева (9г), Тамара Џишева (13г), Благоја Љатев (5г), Леонид Дуклевски (10г), а највозрасен учесник беше планинарката Нада Марјановиќ (74г)