Над 300 учесници во „Гевгелија на точак“
Над 300 Гевгеличани учествуваа во
велосипедското парадно возење „Гевгелија на точак“, што на 6 ноември, во саботата го организираше Здружението Changemakers4all по улиците на Гевгелија. Огромниот број на учесници само потврди дека жителите на Гевгелија се лидери во користење на точакот, како превозно средство не само во југоистокот туку и во Македонија.
Стартот на трката беше на истото место каде во 60-те години се одржувале велосипедски трки, пред зградата на старото Собрание. На парадното возење низ улиците на градот учествуваа мајки и татковци со мали деца, тинејџери и тинејџерки, повозрасни сограѓани и сограѓанки, а беа присутни и Ване Крколев со својата ќерка Данче, кои со велосипеди пристигнаа од Богданци за да учествуваат на оваа убава манифестација.
Bottom of Form
- Со вакви манифестации се упатува јасна порака до сите граѓани, да заборават по малку на своите автомобили и што повеќе да го користат велосипедот како превозно средство, апелираа организаторите.