Концерт на дуото Кировски
На 11 ноември (четврток), во Народниот театар во Гевгелија,
целовечерен концерт ќе одржат реномираните ДУО КИРОВСКИ (Љубиша Кировски - виолина и виола и Маја Шутевска Кировска - пијано). На програмата се дела од Виетан, Бете Илин, Сај, Фролов
А концертот започнува во 18 часот.
Дуото Кировски е формирано во 1993 година и оттогаш до денес има реализирано бројни настапи во и надвор од Македонија. Во нашата земја настапувале на фестивалите „Охридско лето“, „Златна Лира“, „Скопско лето“, „Хераклејски вечери“, „Есенски музички свечености“, Салонот 19,19 при Културно-информативниот центар во Скопје. Истовремено, концерти одржале и во повеќе земји, меѓу кои во Хрватска,Србија, Полска, Италија, Швајцарија, Турската Република Северен Кипар, Бугарија, Велика Британија, САД, Германија.