Чистењето на оџаците - задолжително
По последните пожари на семејни куќи во Општината,
а во пресрет на сезоната на греење, од ТППЕ-Гевгелија уште еднаш апелираат до физичките и правните лица да го искористат овој период и да извршат чистење на оџаците на почетокот на грејната сезона. Задолжителното чистење на оџаците преставува и законска обрска на правните и физичките лица, но исто така потребно е да се провери исправноста и на електричната инсталација и на електричните грејни тела, кои се користат во зимскиот период за затоплување, апелира командирот на единицата, Игор Ризов. Притоа, потсетува дека во текот на минатата грејна сезона, од месец октомври 2020 до месец април 2021, во гевгелискиот регион биле регистрирани 18 пожари на колективни и приватни станбени објекти предизвикани од неисчистени оџаци. Таков е случајот и со последниот пожар на семејна куќа во Гевгелија, во кој изгоре целиот покрив.
Инаку, казните за неисчистени оџаци или димоводни канали, објаснуваат во Дирекцијата за заштита и спасување, се движат од 500 евра за физички лица и 2500 евра за правните лица. Покрај паричните казни може да следуваат и кривични пријави.