Успешен настап на дуото Кировски
Во Народниот театар во Гевгелија,
целовечерен концерт одржа реномираниот ДУО КИРОВСКИ, Љубиша Кировски - виолина и виола и Маја Шутевска Кировска - пијано. Гевгелиската публика имаше прекрасна можност да ужива во изведбата на дуото Кировски на делата од Виетан, Бете Илин, Сај, Фролов.
Дуото Кировски е формирано во 1993 година и оттогаш до денес има реализирано бројни настапи во и надвор од Македонија. Во нашата земја настапувале на фестивалите „Охридско лето“, „Златна Лира“, „Скопско лето“, „Хераклејски вечери“, „Есенски музички свечености“, Салонот 19,19 при Културно-информативниот центар во Скопје. Истовремено, концерти одржале и во повеќе земји, меѓу кои во Хрватска,Србија, Полска, Италија, Швајцарија, Турската Република Северен Кипар, Бугарија, Велика Британија, САД, Германија.