Избрани новите работни тела
На втората седница на Советот на Општина Гевгелија беа избрани претседатели и членови на работните тела при Советот.
На расправата по предлогот на Комисијата за избори и именување, и претходеше дискусија, што ја покрена советникот Миле Атанасов од СДСМ барајќи преиспитување на предлогот, поради, како што рече, новите коалиции и советничко мнозинство. Меѓутоа, од страна на советникот Сашко Стојиловски беше објаснето дека ВМРО-ДПМНЕ нема договорено коалиција со ниедна советничка група и поединци, а нивниот предлог за претседател на Советот е подржан од другите советници по сопствен избор. Тоа, исто така, беше нагласено и од страна на советникот од Левица Саше Јанчев и од советникот Томе Ќичуков, од Независната листа.
Потоа, се премина на гласање на предлозите на Комисијата за избори и именување за претседатели и членови на работните тела, кои едногласно беа усвоени.
За претседател на Комисијата за статут и прописи беше избран Тодор Ристов, а за членови :Андријана Бегова, Надица Ристовска, Сашо Проданов и Сашо Јанчев.
За претседател на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина за претседател беше избран Влатко Митров, а за членови: д-р Елена Хаџиниколова, Ѓорѓе Попов, Саше Јанчев и Миле Атанасов.
За претседател на Комисијата за финансирање, буџет и Локален економски развој беше избран Сашко Стојиловски, а за членови: Надица Ристовски, Андријана Бегова, Софија Раманчева и Елезабета Сивова.
За претседател на Комисијата за образование, култура и спорт беше избрана Софија Раманчева, а за членови: Ѓорѓе Попов, Саѓана Стаменковска, Саше Проданов и Томе Ќичуков.
За претседател на Комисијата за здравствена и социјална заштита и заштита на децата беше избрана д-р Елена Хаџиниколова, а за членови: Слаѓана Стаменковска, Саше Проданов, д-р Петар Апостолов и Билјана Демерџиева.
За претседател на Комисијата за функционирање на системот на локалната самоуправа беше избрана Билјана Демерџиева, а за членови: д-р Елена Хаџиниколова, Андријана Бегова, Сашко Стојиловски и Виктор Кралев.
За претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите беше избрана Елизабета Сивова, а за членови: Ѓорѓе Попов, Златко Митров, Саше Проданов и Виктор Кралев.