Започнува со работа Лекарската комисија за остварување на правото од туѓа нега во Гевгелија
Од 29 ноември, 2021 година (понеделник), ќе започне со работа
новоформираната Лекарска комисија при Општата болница во Гевгелија. Тоа значи дека од наредната недела граѓаните од општините: Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, своето право за помош и нега од друго лице ќе можат да го остварат во Гевгелија.
Терминот за остварување на ова право на пациентите пред Комисијата ќе го закажува матичниот лекар, доставувајќи ги соодветните документи од 10:00 до 14:00 часот, на пунктот кој се наоѓа во холот на болницата, веднаш до Одделението за хируршки болести. Комисијата ќе работи секои понеделник и среда, после 15:00 часот, а ќе разгледува по 25 барања за остварување на правото за помош и нега од друго лице. Со овој интензитет на работа, се очекува за 2 месеца да бидат разгледани и решени сите барања на граѓаните од: Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.