Уредување на дворната површина во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија
СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија го имплементира проектот
„Ученички иницијативи“, преку кој учениците заедно со наставниот кадар беа вклучени во активности за одредување проблеми и решавање на истите. Имено, преку овој проект се уредува југоисточниот дел од дворната површина во Средноучилиштниот центар. Со проектот се предвидува расчистување на теренот, хотикултурно уредување и поставување урбана опрема, односно клупи за седење и чешма за пиење вода. Реализацијата на проектот е во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија.
Уредувањето на југоисточниот дел од дворната површина е детектиран „проблем“ на неколкуте одржани состаноци од страна на тимот наставници кои се вклучени во проектот и средношколската заедница.