Советот на Општина Гевгелија ќе расправа по Нацрт-Буџетот на Општината за 2022 година
Советот на Општина Гевгелија, на својата трета седница,
закажана за 6 декември, 2021 година (понеделник), ќе расправа за Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија во 2022 година. Заедно со Нацрт-Буџетот, на дневен ред ќе се најдат и двете Буџетски програми - за уредување на градежно земјиште и за реконструкција, изградба и изведба на општински улици и патишта. Општинскиот буџет за идната година ќе биде донесен во две фази, односно по донесувањето на Нацрт-Буџетот од страна на Советот на Општината, овој значаен документ ќе се најде на јавна расправа, за да до крајот на годината повторно се најде пред советниците, како предлог, за конечно донесување на Буџетот на Општина Гевгелија во 2022 година. На третата седница, Советот ќе расправа за ЛОД методологијата- група документи и алатки за транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации во рамките на Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLoaD2)- УНДП, како и за Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“ во изминатото деветмесечје.
На оваа седница на Советот на Општина Гевгелија, на дневен ред се и разрешувања на досегашните членови поради истечениот мандат и именувања на нови членови во Училишните одбори, како и во Управните одбори во Јавното комунално претпријатие и во локалните Јавни установи. Седницата на Советот ќе се одржи во Големата сала на Народниот театар, со почеток во 12:00 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот.
Членовите на Советот ќе работат по следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за утврдување на Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година,
2. Предлог-Заклучок за утврдување на Нацрт-Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2022 година,
3. Предлог-Заклучок за утврдување на Нацрт-Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2022 година,
4. Предлог-Решение за формирање Комисија за изработка на Програмата за работа на Советот на Општина Гевгелија за 2022 година,
5. Предлог-Одлука за усвојување на ЛОД методологија- група документи и алатки за транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации во рамките на Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLoaD2)- УНДП,
6. Предлог-Решение за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01.2021 г. - 30.09.2021 г., со посебен осврт на периодот 01.07.2021 г. - 30.09.2021 г.,
7. Предлог-Решение за разрешување членови во Училишен одбор на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија,
8. Предлог-Решение за именување членови во Училишен одбор на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија,
9. Предлог-Решение за разрешување членови во Училишен одбор на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
10. Предлог-Решение за именување членови во Училишен одбор на СОУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
11. Предлог-Решение за разрешување членови во Училишен одбор на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија,
12. Предлог-Решение за именување членови во Училишен одбор на СОУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија,
13. Предлог-Решение за разрешување членови во Училишен одбор на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
14. Предлог-Решение за именување членови во Училишен одбор на СОУ „Ристо Шуклев“- Гевгелија,
15. Предлог-Решение за разрешување членови во Училишен одбор на ООУ „Климент Охридски“- Миравци,
16. Предлог-Решение за именување членови во Училишен одбор на СОУ „Климент Охридски“- Миравци,
17. Предлог-Решение за разрешување членови во Училишен одбор на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија,
18. Предлог-Решение за именување членови во Училишен одбор на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија,
19. Предлог-Решение за разрешување членови во Управен одбор на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија,
20. Предлог-Решение за именување членови во Управен одбор на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија,
21. Предлог-Решение за разрешување членови во Управен одбор на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија,
22. Предлог-Решение за именување членови во Управен одбор на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија,
23. Предлог-Решение за разрешување членови во Управен одбор на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија,
24. Предлог-Решение за именување членови во Управен одбор на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија,
25. Предлог-Решение за разрешување членови во Управен одбор ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија,
26. Предлог-Решение за именување членови во Управен одбор на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија,
27. Предлог-Решение за разрешување членови во Управен одбор на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија,
28. Предлог-Решение за именување членови во Управен одбор на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија,
29. Предлог-Решение за разрешување членови во Одборот за надзор за вршење на внатрешната контрола на материјално-финансиското работење на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија,
30. Предлог-Решение за именување членови во Одборот за надзор за вршење на внатрешната контрола на материјално-финансиското работење на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија,
31. Предлог-Решение за разрешување членови во Управен одбор на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија,
32. Предлог-Решение за именување членови во Управен одбор на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија,
33. Предлог-Решение за разрешување членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија,
34. Предлог-Решение за разрешување членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија.