Набавени наставни средства за основните училишта во Гевгелија за реализација на наставата по природни науки
На Основните општински училишта од Гевгелија: „Крсте Мисирков“,
„Владо Кантарџиев“, „Ристо Шуклев“- Негорци и „Климент Охридски“- Миравци, од страна на Министерството за образование и наука ќе им бидат испорачани наставни средства, потребни за реализацијата на наставата од областа на природните науки. Доставувањето на опремата ќе се врши етапно, започнувајќи од 29 ноември, па се до почетокот на март, 2022 година, во повеќе наврати. Во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија веќе пристигна првата достава на дел од наставните средства.
Набавката на наставни средства од Министерството за образование и наука е со цел унапредување на образовниот процес во основното образование, препознавајќи ја важноста на изучувањето на природните науки.