СОУ „Јосиф Јосифовски“- дел од Првиот дигитален саем за средно стручно образование
Со цел промоција на средното стручно образование како остварлива можност
за кариера, за првпат се одржа Дигитален саем за средно стручно образование во организација на МЦГО. На Саемот учествуваа 6 средни училишта од Републиката, меѓу кои и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија со профилот Готвач, како едно од најдобрите избрани средни училишта за презентирање на стручниот профил. Проектот, којшто е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка во соработка со Министерството за образование и наука, има за цел запознавање на учениците од деветто одделение од сите основни училишта низ државата со можностите за различни стручни образовни профили во средните стручни училишта, како и да слушнат успешни примери за соработка со бизнис секторот и обраќања на познати личности кои ќе споделат за своето професионално искуство.
Од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија учествуваа учениците од Угостителство и туризам, профил Готвач- Александра Мижорова и Ване Филипов, под менторство на професорката Марина Калкова, а од партнер компанијата „Фортуна Интернационал“ (Хотел „Аполонија“) учествуваше професионалниот готвач Драги Миов.