Веб-платформа за граѓанско учество во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година
Општина Гевгелија изработи веб-платформа, на коja граѓаните
од градот и населените места имаат можност да учествуваат со своите: идеи, предлози и потреби да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година. Граѓаните можат да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година со пополнување на анкетен прашалник кој се состои од кратки прашања за полот, возраста, населеното место и предлози за одредена област: комунална и патна инфраструктура, улично осветлување, животна средина, образование, култура, спорт и млади и сл.
Линк: https://www.gevgelija.gov.mk/ostanato/2763-gragjansko-ucestvo-budzet-2022
Вкупниот Буџет на Општина Гевгелија за 2022 година е проектиран на 459.635.291 денар, а Основниот буџет на 214.802.359 денари. Покрај приходите на Основниот буџет, во структурата на Вкупниот буџет се приходите на дотации во износ од 226.832.932 денари, на донации од 4.000.000 денари и на приходите на самофинансирачките активности во износ од 14.000.000 денари. За капитални расходи во Основниот буџет се предвидени 69.650.000 денари или 32,43%.