Претставници на новоформираниот Шаховски клуб „7 Ноември“ на прием кај градоначалникот Сарамандов
Денеска, на прием кај градоначалникот на општина Гевгелија,
Андон Сарамандов, беа претставници на новоформираниот Шаховски клуб „7 Ноември“- Гевгелија. Имено, на средбата на Сарамандов со претседателот на Клубот, Пепи Танчев и секретарот Слободан Дачев стана збор за активностите на Шаховскиот клуб и соработката со Општина Гевгелија.
Градоначалникот Сарамандов ја изрази својата поддршка, особено, кога станува збор за обновување на клубови кои во минатото биле во функција и од големо значење за развивање на спортскиот живот во градот. Оттука и отвореноста за соработката, имајќи предвид дека во Гевгелија имало и има вљубеници во шахот, како и од реалната потреба за повторно профункционирање на ваков градски клуб. Секако, и идејата за членување на млади во Клубот, кои преку шаховската игра ќе ја развиваат интелигенцијата и комбинаториката. Посакувајќи им на клубскиот тим успешна работа, во иднина со постигање резултати на домашни и меѓународни шаховски првенства.