Општина Гевгелија лани додели паричен надомест за 149 новороденчиња
Општина Гевгелија во текот на 2021 година додели
еднократна парична помош на 149 новороденчиња. Од вкупниот број поднесени барања, 76 биле поднесени за родени девојчиња, а 73 за момчиња. Паричен надоместок е доделен на првородени деца - 80, второродени- 54 деца, а, исто така, и за 12 третородени и 3 четвртородени деца.
Согласно Програмата за социјална заштита, Општина Гевгелија на секое семејство за новороденчето, жител на општината, доделува паричен надомест за прво и второ во висина од 6.000 денари, а за третородено и секое наредно дете по 12.000 денари. Како и за првото родено дете во новата година, жител на општина Гевгелија, ваучер од 10.000 денари и пригодни подароци.