Ристо Чалков и Валентина Узунова, победници на Новогодишната виртуелна трка
Ристо Чалков и Валентина Узунова, имено, и членови
на АК „7 Ноември“- Гевгелија, се победници во машка и женска категорија на Втората новогодишна виртуелна трка на 5 километри. Според правилата, трката започна после полноќ, на 31 декември, 2021 година, а заврши на 1 јануари, 2022 година, пред полноќ. На оваа втора по ред, виртуелна трка по повод Новата година, учество земаа 20 атлетичари, членови на АК „7 Ноември“.
Патеката за трчање, чија должина изнесуваше 5 километри, стартуваше од кружниот тек на крстосницата од булевар „Гевгелија“ и „7 Ноември“, по самиот булевар кон надвозникот на влезот на градот, кон БП „Окта“, завршувајќи до Мотел „Сенатор“ и назад до почетната точка на трчање. Во женска конкуренција првите три места ги освоија Валентина Узунова, Магдалена Јованова и Александра Крајчева, додека кај мажите Ристо Чалков, Никола Ковачев и Петар Лешев.