Регистрирани 181 новозаразен од КОВИД-19 во општина Гевгелија
Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, заклучно со
8 јануари, 2022 година, во Гевгелија се регистрирани вкупно 181 заболен од КОВИД-19. Само за еден ден, се регистрирани 26 нови случаи. Според информациите од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, во Одделението за невропсихијатрија хоспитализирани се 10 пациенти. А, Mодудаларната КОВИД-19 болница, поради зголемениот број на болни со полесна клиничка слика, е ставена на користење за прегледи, контроли и третман со дневна терапија.
Од почетокот на пандемијата, во општина Гевгелија, од КОВИД-19 заболеле 3096 граѓани, а починале 89.