Општина Гевгелија учествуваше во Божиќната хуманитарна акција на Гевгелиското архиерејско намесништво
По повод Божиќ, Гевгелиското архиерејско намесништво
организираше хуманитарна акција за социјално-ранливите категории од општина Гевгелија. На 156 социјално-ранливи семејства им беа доделени пакети со прехранбени производи, собрани на хуманитарната акција „Подари радост за Рождество“, која започна од 15 декември. Во хуманитарната акција учествуваа поединци, компании и самото Архиерејско намесништво од Гевгелија кои ја покажаа општествената одговорност со донирањето на прехранбени производи и средства за лична хигиена. Подготвените пакети беа доделени во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“, на самиот ден, на Божиќ.
Во хуманитарната акција на Гевгелиското архиерејско намесништво учествуваше и Општина Гевгелија, која одобезбеди 200 новогодишни пакетчиња. Поради ситуацијата со пандемијата од КОВИД-19, оваа година немаше Бадникова поворка. Но, и покрај тоа организаторите се потрудиле секое дете за Божиќ да добие подарок.