Апел до граѓаните да не се одлага пепелта од грејните тела во контејнерите за отпад
Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија апелираат до
граѓаните на општина Гевгелија пепелта од грејните тела да не ја фрлаат во контејнерите за одлагање отпад, поставени на јавно-прометните површини. Поради спречување на опасност од запалување и уништување на истите. Но и можност да се предизвика и поголема штета не само со опожарување на контејнерите, туку и на околните објекти и автомобили.