Серија средби на градоначалникот Самарандов со претставници на бизнис-заедницата во Гевгелија
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, реализираше
серија средби со претставници на бизнис-заедницата, се со цел да се пронализираат актуелната состојба и потреби со кои се соочуваат компаниите од општина Гевгелија. Посебно, поради последиците од пандемијата што ги трпат одредени дејности во гевгелиската економија, но и од енергетската криза, од која штетите допрва претстојат. За ова стана збор на неколкуте средби со претставниците на бизнис-заедницата од областа на сите дејности, кои Градоначалникот го информираа за актуелната состојба и проблемите со кои се соочуваат.
Од страна на градоначалникот Сарамандов беше нагласено дека Општина Гевгелија, согласно своите надлежности, ќе настојува да ги подобри условите за поволна бизнис-клима, во прв ред, преку ублажување на последиците од пандемијата. Имено, со најава дека ваквите средби со претставниците на бизнис-заедницата ќе бидат редовни.