Намален бројот на хоспитализирани од КОВИД-19 во ЈЗУ Општа болница- Гевгелија
Според информациите за регистрирани нови случаи
на заболени од КОВИД-19, со кои располага Институтот за јавно здравје на дневна основа, во периодот од 6 до 7 февруари, на подрачјето на општина Гевгелија се регистрирани 8 лица. Имено, до 6 февруари, вкупната бројка на активни случаи изнесува 197 лица.
Од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија велат дека во моментот состојбата е подобрена. За разлика од претходните десетина дена кога бројот на хоспитализирани пациенти, како и на оние кои се на дневна терапија, беше забележително зголемен. Што придонесе за максимално исполнување на капацитетите во КОВИД-Модуларната болница и Невропсихијатриското одделение. Во КОВИД-Модуларната болница, хоспитализирани се 7 пациенти, додека на Одделението за невропсихијатрија 5 пациенти. Заради подобрување на нивната здравствена состојба, се очекува во наредните денови бројот на хоспитализирани и дневно третирани со терапија да се намали. На дневна терапија, бројот од 50 пациенти на ден, е намален на 20 до 25 пациенти.
На редовната 6 седница на Советот на Општина Гевгелија, членовите на Советот ќе бидат информирани за актуелната состојба со КОВИД-19 на подрачјето на општина Гевгелија, како и за преземените мерки за заштита и справување со пандемијата.