Општина Гевгелија со Повик за пријавување деца, за посета на часови по гитара и бас-гитара
По иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија,
Андон Сарамандов, во ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија (во просториите на Народниот театар), ќе се одржуваат часови по гитара и бас-гитара. Имено, Општина Гевгелија објави Повик за пријавување деца на возраст од 9 до 15 години, заинтересирани за посета на курсевите. Повикот е во тек и трае до 11 февруари, 2022 година (петок).
Пријавувањето се спроведува во просториите на Народниот театар, во канцеларијата на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Или, на телефонскиот број: 070441300 (лице за контакт: Костадин Динев).