Спортските активности во Гевгелија ќе бидат поддржани од Општината со буџет од 7.500.000 денари
Со утврден Буџет во висина од 7.500.000 денари,
Советот на Општина Гевгелија, на 6 седница, ја усвои Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2022 година. Со предвидените средства од Општинскиот буџет ќе бидат поддржани 40 здруженија, клубови и спортисти од областа на: фудбалот, кошарката, ракометот, тенисот, ателтиката, карате, планинарство, шахот, кик-боксот и сл. И тоа, за активности на: локален, регионален, национален и меѓународен карактер. Имено, на распишаниот Конкурс за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2022 година пристигнале 41 апликација.
Локалната самоуправа преку соодветни форми презема активности за поттикнување, развој и обезбедување услови се со цел да се одржува континуитетот на спортските активности во општина Гевгелија, како за спортистите, така и за публиката. Притоа, водејќи сметка и за почитување на протоколите за реализирање спортски активности за време на пандемија.