Советот на општина Гевгелија ќе расправа за нацрт-буџетот во 2019 година
Советот на општина Гевгелија на 5 декември 2018 година, на својата 20.седница, ќе расправа по Нацрт-Буџетот на општина Гевгелија во 2019 година.
Покрај ова, на седницата ќе се расправа и по сите програми, кои се составен дел од општинскиот буџет. Буџетот на општина Гевгелија за 2019 година ќе се носи во две фази, најпрво, во нацрт верзија, по што ќе биде организирана јавна расправа. Пред крајот на годината, а по суминирањето на сугестиите и предлозите од јавната расправа, се очекува Предлог-Буџетот повторно да се најде на седница на Советот на општина Гевгелоија, кога и треба да биде усвоен.
Инаку, а седницата на Советот на општина Гевгелија, која ќе се одржи на 5 декември, со почеток во 11 часот, ќе се работи по следниот дневен ред:
1.Нацрт-Буџет на општина Гевгелија за 2019 година,
2.Нацрт-Програма за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2019 година.
3.Нацрт-Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта во општина Гевгелија за 2019 година,
4.Нацрт-Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Гевгелија за 2019 година,
5.Нацрт-Програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2018 година,
6.Нацрт-Програма за финансирање, одржување и заштита на објекти од културно наследство, споменици и други објекти во општина Гевгелија за 2019 година,
7.Нацрт-Програма за дезинфекција, дезинсекција, дератизација и згрижување на бездомни животни во општина Гевгелија за 2019 година,
8.Нацрт-Програма за активностите на општина Гевгелија во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и прекуграничната соработка за 2019 година,
9.Нацрт-Програма за активностите на општина Гевгелија во областа на Фондацијата за локален развој и развој на информатичките технологии (ФЛОРИТ)-Гевгелија за 2019 година,
10.Нацрт-Програма за комуникација и транспарентност во општина Гевгелија за 2019 година,
11.Нацрт-Програма за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија за 2019 година,
12.Нацрт-Финансов план на СОУ "Јосиф Јосифовски"-Гевгелија по ставки и потставки за 2019 година,
13.Нацрт-Финансов план на ООУ "Владо Кантарџиев"-Гевгелија по ставки и потставки за 2019 година,
14.Нацрт-Финансов план на ООУ "Крсте Мисирков"-Гевгелија по ставки и потставки за 2019 година,
15.Нацрт-Финансов план на ООУ "Ристо Шуклев"-Негорци по програми и потпрограми за 2019 година,
16.Нацрт-Финансов план на ООУ "Климент Охридски"-Миравци за 2019 година,
17.Нацрт-Финансов план на ООМУ "Васо Карајанов"-Гевгелија по програми и потпрограми за 2019 година,
18.Нацрт-Финансов план на ЈОУДГ "Детска радост"-Гевгелија за 2019 година,
19.Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување распоред на работното време во ЈОУДГ "Детска радост" - Гевгелија,
20.Предлог-Финансов план на ЈОУ Пионерски дом "Јосип Броз-Тито"-Гевгелија за 2019 година,
21.Предлог-Решение за давање мислење на Програмата за изведување екскурзии и други слободни активности за учениците од ООУ "Климент Охридски"- Миравци за учебната 2018/2019г.
22.Предлог-Иницијатива за изработка на Локална урбанистичка планска документација на КП бр.3990, 3991/1, 3991/2, 3992/2, 3992/4, 3992/5 КО Негорци, општина Гевгелија, за формирање на градежна парцела со намена Б5-хотел (барател: Стојан Белчев од Скопје),
23.Предлог-Решение за усвојување финансискиот извештај за период 01.01.2018г.–30.09.2018г. при ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија, со посебен осврт на периодот 01.07.2018г. – 30.09.2018г.
24.Предлог-Одлука за утврдување потреба од воспоставување на границите на заштитна зона околу извориштата за водоснабдување на селата Миравци, Давидово и Милетково – општина Гевгелија,
25.Предлог-Одлука за утврдување потреба од воспоставување на границите на заштитна зона околу извориштата за водоснабдување на с.Прдејци-општина Гевгелија,
26.Предлог-Одлука за утврдување потреба од одредување на границите на заштитните зони околу водозафатните објекти – извори Лунгур и Лешки и експлоатационен бунар Негорци за водоснабдување на с.Негорци – општина Гевгелија,
27.Предлог-Одлука за утврдување потреба од одредување на границите на заштитните зони околу водозафатен објект – бунар за снабдување на с.Смоквица – општина Гевгелија.