Image
ВЕСТИ

70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините

Министерството за транспорт и врски на РМ ќе обезбеди 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините,

најави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски при неодамнешната посета на Гевгелија. Притоа, појасни дека средствата ќе бидат ставени на располагање на општините исклучиво за локални патишта и улици.

Изминатиов период во Гевгелија беше извршена реконструкција на два регионални патни правци Давидово-Миравци и Смоквица-Прдејци, а во тек е реконструкцијата на патот Гевгелија-Негорци за што од министерството се издвоени 180 милиони денари.

-Исто така ќе обезбедиме и нова кредитна линија од Европската инвестициска банка за сите општини по истиот терк како и досега, за подобрување на водоводните и канализационите мрежи.

Затоа е многу важно општините да започнат да подготвуваат проекти и со готови проекти и од следната година да аплицираат до Министеството за транспорт и врски за да можеме навремено да ги користиме сите финансиски средства, нагласи министерот Сугаревски.

Оваа финансиска поддршка ќе биде од огромно значење за општините, особено за граѓаните, бидејќи тоа е предуслов за подобрување на животот во населените места.

На крај сакам да им честитам на сите кои беа вклучени во реализација на овој проект.

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio