Заврши расчистувањето на дивите депонии во близина на Миравци и Смоквица
Во рамките на акцијата на Општина Гевгелија, во соработка со
ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, за расчистување на дивите депонии на подрачјето на општина Гевгелија, заврши расчистувањето на дивите депонии, во близина на населените места Миравци и Смоквица. На исчистените локации, по чистењето и собирањето на сметот, ЈПКД „Комуналец“ постави ознаки за забрането фрлање на отпад.
Градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов, при обиколката на локациите кај Миравци и Смоквица со в.д. директорот на ЈПКД „Комуналец“, Раско Чочков, изјави дека заштитата на животната средина е една од приоритетните задачи:
- За таа цел, ќе бидат реализирани повеќе акции и проекти, но, најпрво, добро е да ги исчистиме расфрлените отпадоци кои ги има насекаде, поточно, крај секое населено место.
Притоа, беше упатен апел до граѓаните кои живеат во близина на овие населени места, сметот да не го фрлаат на недозволени локации.